Силно невреме на Истра, се формираа купови мраз од 40 сантиметри
Силно невреме прoследено со град, го погоди попладнево северниот дел на Истра, при што се формирале купови мраз подебели од 40 сантиметри.
Обилен дожд го зафати поголемиот дел од ова подрачје, а град бил забележан на помал дел од полуостровот. Таму каде што паднал градот, површината набрзо забелеала и тој носен од порои создал големи купови мраз.
Во попладневните часови, на северот на Истра се развил нов систем на грмотевици и е забележана и појавата т.н. „даунбарст“, односно силен ветер, кој дува во сите правци од центарот на бурата