Витамин Ц за убавина: Еве што да користите ако сакате убава кожа без брчки, сјајна коса и силни нокти

Без обѕир какви ви се цртите, ако кожата ви е чиста, затегната и блескава, косата цврста и бујна, ноктите мазни и долги – вие сте убава и негувана жена.

Доколку сакате еластична и чиста кожа, цврсти нокти и сјајна и здрава коса, воведете ги овие намирници во вашата исхрана. 

Пробиотици – здравите црева и добрата дигестија се основа за чиста и убава кожа. Токсините од храната, доколку останат во телото, се одразуваат на лицето во форма на акни, пигментација и масен сјај. Во исхраната задолжително воведете природни пробиотици како кисела зелка или туршија, но и кефир.

Рибино масло – ако немате омега 3 масни киселини во телото, кожата ќе ви биде сува и без еластичност, косата сува и кршлива, а ноктите лесно ќе ви се оштетуваат. Омега 3 масните киселини ќе создадат заштитен слој на вашата кожа и со тоа ќе ја одржуваат влагата во клетките на епидермисот.

Витамин Ц – сите знаат дека овој витамин е познат во превенција на настинки, но дали знаете дека тој успешно се бори со брчките, пигментацијата и ги зајакнува ѕидовите на крвните садови? Најмногу витамин Ц има во зелката, но и во лимонот, портокалот, ѓумбирот…Се препорачува и Еуцерин Hyaluron Filler C Booster, кој содржи концентрат на Ц витамин како 20 портокали.

Витамин Е – ја штити кожата од штетните УВ зраци, но поттикнува и брзо зараснување на раните.

Витамин Д – Витаминот на сонцето го стимулира производството на колаген, кој ја подобрува еластичноста на кожата, спречува брчки и ги минимализира акните.

Биотин или Б7 витаминот е заслужен за бујна и сјајна коса, но и за убави и цврсти нокти. Овој витамин ја регулира работата на лојните жлезди, што позитивно влијае врз лекувањето на себореа.

Колаген – сочинува речиси третина од сите протеини во нашето тело. Одговорен е за здравјето на зглобовите, внатрешните органи и крвните садови, како и за еластична кожа, силни нокти и убава коса. По 25-та година, производството на колаген се намалува, поради што започнуваат да се појавуваат брчки на лицето.

Калциум – Калциумот не е потребен само за силни нокти и коски. Од неговиот недостаток страда и кожата: се појавува пигментација поради нарушена функција на меланинот, епидермисот губи влага и може да дојде до воспаленија. Покрај тоа, калциумот е одговорен за метаболизмот на клетките, на кои кога им недостига овој минерал, им се забавува брзината на формирање поради што кожата губи еластичност.

Витамин Б12 – Овој витамин е омилен помеѓу холивудските козметичари кои го препишуваат за да го забрзаат зараснувањето на кожата и да спречат воспаленија. Ако страдате од лош тен или пигментација, но нивоата на витамин Д3, хијалуронска киселина и калциум се нормални, најверојатно станува збор за недостиг на витамин Б12.

Витамин Б9 – тоа е фолна киселина која се смета за „женски“ витамин затоа што е одговорна за репродуктивната функција и помага да се роди здраво дете, намалувајќи ја веројатноста за развој на деформации на нервниот систем кај фетусот. Но, витаминот Б9 не им е потребен само на трудниците. Според статистиката, неговиот дефицит се забележува секоја секунда и се манифестира со постојан умор, опаѓање на косата и кожни проблеми.

Фолната киселина ја забрзува делбата на клетките, што ја подобрува еластичноста на кожата, ја нормализира работата на лојните жлезди, го зголемува растот на косата и нејзиниот сјај и ги зајакнува ноктите. Во комбинација со витамините Б6 и Б12 дава максимален ефект.

Липоична киселина – оваа киселина, без сомнеж, ќе им се допадне речиси на сите жени бидејќи го олеснува губењето килограми. Резултатот се постигнува поради влијанието врз подрачјата на мозокот кои го контролираат апетитот. Киселината го намалува гладот и спречува таложење на масти во црниот дроб. Покрај тоа, го штити нервниот систем и дава енергија.

Translate »