Како нацистичката руина на Хитлер стана луксузно одмаралиште кое привлекува голем број туристи

Три години пред Германија да ја нападне Полска во 1939 година, Адолф Хитлер добил идјеа за изградба на најголемото туристичко одмаралиште во светот, сместено на брегот на островот Риген. За денес, „Прора“ од нацистички руини да стане луксузно летувалиште кое привлекува голем број туристи.

Монументалното летувалиште на Хитлер е сместено на брегот на Балтичкото море. Било замислено да собере повеќе од 20.000 гости истовремено. „Прора“ (како што било наречено одмаралиштето) требало да биде место за одмор на германското население, особено на работниците во фабриките кои тој период работеле без прекин.

Instagram
Instagram

Според историчарот и туристички водич Роџер Мурхаус, примарната идеја на Адолф Хитлер била со овој гест да го привлече германскиот нарот на своја страна.

Но, скриената идеја позади овој комплекс била да се контролира слободното време на германското население. Сите 10.000 соби имаат поглед на море, што ја објаснува огромната должина на самата конструкција. Сепак, ниту еден турист немал можност да летува во приморското одмаралиште.

youtube
Принтскрин / Youtube

Таа замисла никогаш не се реализирала затоа што изградбата на одмаралиштето „Прора“ била запрена уште по почетокот на Втората светска војна и комплексот никогаш не бил завршен.

Но, во 2013 година, германската компанија за недвижнини „Метропол Маркетинг“ видела потенцијал во овие рушевини и ги откупила правата за обнова на „Прора“  остварувајќи ја примарната идеја за изградба на луксузен резорт.

Instagram
Instagram

Комапнијата „Metropole Marketing“ решила да го реновира комплексот и така во 2018 година „Прора“ официјално ги отвори вратите за туристите од целиот свет.

Новиот комплекс покрај тоа што располага со 10.000 хотелски соби, вклучува и луксузни продавници и ресторани.

Па оттука се поставува прашањето, дали историската позадина на овој објект ќе ги спречи туристите или токму тоа ќе ги привлече?

Translate »