Трамп се повлече од нуклеарниот договор со Иран-Ова ќе ја направи Америка побезбедна
Американскиот престедател соопшти дека САД ќе се повлече од договорот за нуклеарно разоружување со Иран, потпишан во времето на Обама, во 2105 година. Тој објави дека потпишал документ со кој ги обновува санкциите кон Техеран.
Според Трамп, САД имаат доказ дека Иранците лажат за својот нуклеарен програм. Американскиот претседател истакна дека тој своите ветувања ги исполнува, а едно од нив беше и дека тој ќе воведе санкции против Иран поради лошиот договор направен од претходната администрација.
Официјален Техеран соопшти дека американското повлекување од договорот е историјска грешка.