Ровери, живеалишта на други планети и ракети! Заврши 5-от по ред NASA Kids Space Challenge 2019
Во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, минатиот викенд се одржа 5-от по ред натпревар за деца од 8 до 14 години, NASA Kids Space Challenge 2019. За време на натпреварот децата работеа на претходно зададени предизвици, односно креираа всленски летала, креираа ровери што истражуваат непознати планети и изработуваа живеалишта на други планети.
Hady Milani – Suborbital Scientist, Astronaut (Italy), Bianca Cefalo – Aero Space Engeneer at Airbus UK, STEM Ambasador, и Marko Piskachev – Aero Space Engeneer, Azimut ,Germany, откако ги слушнаа презентациите на сите 15 тима и поразговараа со сите учесници на темата, ги избраа 3-те победнички тима: Миа, Јаков и Бодан кои го изработија победничкиот ровер, Мелина , Софија и Ела и нивното креативно решение за тоа како би изгледала идна населба на Марс и Леон, Ведран и Леонид кои работеа на дизајн на ракета и направија демонстрација на слетување со падобран. Најдобрите 5 модели беа изложени на првата Space Tech Expo која се одржа во Скопје, хотел Александар Палас од 21 – 23 октомври.
На натпреварот земаа учество деца од повеќе основни училишта од Скопје: НОВА, Јахја Кемал, ЕФИС, ИПС, Димо Хаџи Димов, Христијан Тодоровски Карпош, Димитар Миладинов, Григор Прличев, Ацо Шопов, Лазо Трповски, Живко Брајковски, Коле Неделковски, Рајко Жинзифов, 11 Октомври, од основното училиште Наим Фрешери од Тетово и Малина Поп Иванова од Кочани.
За време на натпреварот децата користеа најразновидни материјали, а при изработката на моделите имаа помош од менторите Драган, Веле и Драган од Народна Техника.
Целта на овој натпревар беше да се поттикне интересот кај децата за СТЕМ областите, аеронаутиката и дизајн на продукт, љубопитноста за проучување и истражување на вселената, како и нивниот интерес за решавање на предизвиците со кои се соочува човекот при планирање на вселенските мисии.