Британците открија нов ефикасен лек против ќелавост
Има надеж за оние кои ја губат косата. Новиот лек за ќелавост(алопеција) е пронајден сосем случајно , во текот на лекување на пациенти со остеопорозата. Британските лекари утврдиле дека косата се обновува и почнува повторно да расте како нус појава на некои лекви кои ја третираат остеопорозата како и кај лекот “Циклоспорин А” , со кој се лекуваат автоимуни болести. Истражувањата покажаа дека овие лекови го спречуваат протеинот СФРП1 да го блокира растот на косата.
Водачот на прокетот доктор Нејтен Хоукшоу, од Универзитетот во Манчестер, вели дека ова откритие многу ќе им помогне на лугето кои имаат проблем со опаѓање на косата.
На фармацевсткиот пазар моментално постојат два лека кои ја третираат алопецијата:
- Миноксидил, за мажи и жени
- Финастерид, само за мажи
И двата лека имаат несакани нус ефекти и не се секогаш ефективни, поради што пациентите се приморани да одат на трансплатација на косата.
Новиот лек се уште е во лабораторија и наскоро ќе биде клинички испитан.