Времето денеска
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен, а попладне од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува шест.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 14 до 25 степени.
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремен пороен дожд и грмежи. Во петок и сабота се очекува процесите да бидат послаби.