Словенците тврдат дека нашле вакцина против коронавирусот

Словенците тврдат дека веќе имаат вакцина против коронавирусот кој „коси“ во светот и на Балканот. 

Многу земји се во трка за што поскоро пронаоѓање на ефикасна вакцина која ќе спаси животи. 

Словенечките научници, предводени од светски познатиот синтетички биолог д-р. Роман Јерала, ги вакцинираат глувците против корона, а во тек се клинички испитувања. 

Вакцината која е развиена и тестирана врз глувци, генерираше висок имунолошки одговор. 

Велат дека антителата го неутрализираа врзувањето на вирусот до степен кој е споредлив со другите вакцини и антитела кај пациенти кои ја преживеале заразата. 

Потоа вакцината треба опширно да се тестира на луѓе. Но, Јерала не е сигурен дека тоа ќе се случи.

Лекарот вели дека оваа вакцина не е можеби најдобра, но е различна од другите. 

Во последните 24 часа, по направени 3.123 тестови, во Словенија се потврдени нови 123 случаи на коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата, објави денеска словенечката Влада.

Translate »