Агентот Мунир Пепиќ остана без пасош

Скопскиот Апелационен суд одлучи на скопјанецот Мунир Пепиќ, припадник на Агенцијата за разузнавање, а обвинет од СЈО дека посредувал за личните карти од Пустец, да му го одземе пасошот. Тој е обвинети во случајот „Титаник“ за изборни измами и злосторничко здружување. Според судската одлука, еднаш неделно треба да се јавуваат во судот.

Без пасоши останаа и Коста Митровски, Леко Ристовски, Станко Коруновски, Далибор Алешковиќ и Катерина Веловска, осомничени во истиот случај.

 

 

Translate »