Фоја предлог: Сансеверија- Украсно растение совршено за домот – трпи секакви услови и го прочистува воздухот
Сансеверијата, позната и како индијанско перо, е совршено растение за почетници и оние кои не се највешти со растенија – трпи секакви услови, а дури и да заборавите да му ставите вода, нема да направите голема штета.
Сите сакаме зеленило во домот, но не сите сме подготвени да им ја пружиме потребната грижа на растенијата.
Секое растение бара различна количина вода, сончева светлина и топлина. Потоа, некои растенија не трпат влажен воздух, додека на други тоа им е неопходно за да преживеат.
Сето во може да ве обесхрабри да внесете малку зеленило во домот, но, за среќа, постојат и растенија кои не бараат некоја посебна грижа.
Тому вакво растение е таканареченото индијанско перо.
Индијанско перо, или сансеверија (лат. Sanseveria) е декоративно собно растение кое е многу отпорно, па ова го прави совршен избор за оние кои не се многу вешти со растенија.
Сансеверијата има впечатливи, долги зелени листови кои можат да достигнат и 80 сантиметри. Поднесува скоро секакви услови, па можете да бидете сигурни дека нема да ја „убиете“.
Ова е растение што можете да го чувате и под сенка, но му годи и неколку часа сончева светлина во текот на денот. Единствено имајте на ум дека ако го чувате на сонце, ќе расте многу побрзо.
Бидејќи не бара многу влажност на воздухот, нема да погрешите и ако го чувате во близина на грејно тело.
Кога станува збор за наводнување, нема да направите голема штета и ако заборавите. Препорачливо е да го наводнувате кога ќе забележите дека почвата во саксијата е засушена.
Во лето ова може да биде еднаш или двапати неделно, а во зима дури и еднаш на две-три недели. Важно е само да не ставате многу вода за да не го оштетите коренот.
Исто така, сансеверијата е растение кое го прочистува воздухот во домот и наводно е едно од најефикасните растенија кои ја имаат оваа способност.