Протести пред Владата: Бараме правда за малиот Алмир

Со извици ” Нема правда нема мир” , албански знамиња , пароли со кренат среден прст, се одржаа протестите по  повод одлуката на Јавното обвинителство за трагичниот случај на четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово.

Демонстрантите протестираа против одлуката на кумановското обвинителство  кое го преквалификува делото за смртта на малиот  Алмир Алиу од „убиство со умисла“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“

На присутните се обрати и мајката на Алмир.

Мојот Алмир нема да се врати, но барем вашите деца да живеат слободни. Мојот син не го оставија да расте. Алмир не знаеше за етнички или верски разлики, тој сонуваше да оди на училиште, да игра со другари, но во тоа го попречи еден криминалец“, изјави Миџевере Касуми.

На протестот беше побарано разрешување на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Разрешување и одговорност на судијката Маја Денковска. Разрешување и одговорност на основната обвинителка Теута Бедиу, која не прифати разрешување на Сузана Кусигерска. Разрешување на сите јавни обвинители кои учествуваа на колегиумот. Итно разрешување на јавниот обвинител, Љубомир Јовески“, побара Висар Вишка, организаторот.

Демонстрантите поставија играчки на оградата на Владата и слика од јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Дел од насобраните потоа се упатија кон  судовите.

Кај Бит Пазар демонстрантите го блокираа булеварот – настрада и еден прозорец на автобусот. Полицијата го приведе одговорниот, а потоа и беа потребни неколку минути за да се разбие толпата.

Translate »