Терористот од Ница извикуваше „Алаху Акбар“, а потоа полицијата скокна врз него: Погледнете како го уапсија напаѓачот кој предходно уби три лица
Француската полиција го уапси напаѓачот кој со нож уби три лица во катедрала во градот Ница.
Како што пренесуваат француските медиуми, исламскиот терорист на една жена ѝ ја отсекол главата, а уште неколку лица ранил кај катедралата Нотр Дам.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси истакна дека станува збор за терористички напад, а напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ дури и после апсењето.
„Осомничениот беше ранет од полицијата при приведувањето. Жив е и се наоѓа во притвор“, истакна градоначалникот на Ница.