Јанакиески: Ако најдеме еден вработен кој не дал список, леташ од работа
Ако најдеме еден член или вработен што нема дадено список во понеделник лета од работа. Кажи и го тоа од мене, вели екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески во бомбите за предметот Титаник.
Заканите за летање од работа се однесуваат на партиски активист, координатор од еден од месните комитети во Скопје, од кого се бара да достави список на гласачи кои ги дале другите членови на партијата и партиски вработените, пишува Плусинфо.
На денешното рочиште се слушнаа околу 70 бомби, по што судот даде пауза.
Судењето ќе продолжи во 14 часот со слушање на други разговори.