(Видео)Груевски: Станува збор за политички прогон и притисок врз судиите

Екс-премиерот Никола Груевски кој моментално е во Кривичниот суд на судење за предметот „Титаник“ на пауза ја коментираше одлуката на Апелација со која му беше потврдена затворската казна од 2 години за случајот „Тенк“ за набавка на луксузниот Мерцедес.

Станува збор за политички прогон и притисок врз судиите во Апелација да ја потврдат затворската пресуда за дело кое не постои. Ме судат затоа што ете и јас сум сакал да се возам во мерцедесот. Тоа е апсурд -рече Груевски.

Тој рече дека ќе ги искористи сите правни можности кои ги има, и ја отфрли можноста да гласа во Собранието во замена за слобода.

– Не, јас нема да ги поддржам уставните измени, не можам да го изневерам народот. Народот си го кажа своето – рече Груевски.

Инаку, затворската казна од 2 години за експремиерот Никола Груевски ја потврди Апелациониот суд Скопје. Казната е за незаконито влијание на обвинетиот Груевски за набавката на луксузниот „мерцедес С-600 гард“, кое тие не можеле да го одбијат зашто им бил шеф, премиер. Казната на осудениот Ѓоко Поповски му е намалена од 6,5 на 4, 5 години.

„Жалбите на обвинетиот Н.Г. од С. изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост.

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-23/18, познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот Ѓ.П. од С. делумно ја уважи на начин што ја преиначи во делот на одлуката за казната и го осуди на казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди“, соопшти Апелациониот суд во Скопје.

Видео – Милка Смилевска

Translate »