Винарска визба Пирган-нов квалитет на винскиот пазар!
Долгата семејна традиција за производство на вино, силната винска страст и поволните временски услови во нашето поднебје, придонесоа кон раст и развој на повеќе домашни винарии, кои со својот квалитет се повеќе се наметнуваат на пазарот. Една од нив е Винарската Визба Пирган. Отворена во 2001 година, денес има капацитет за производство од 1,5 милиони литри. Произведува квалитетно вино, со контролирана ферментација.. од тука излегува квалитетно црво вино од брендот Vranec, Kabernet i Merlot, а од белите Smederevka, Temjanika, Rizling и Chardonnay. Од оваа година во својата винарија отворија и вински бар каде секој посетител може да проба од овие вина, но и од другите производи кои тука се произведуваат, како на пример ракија, мастика, узо, ликери, коњак.
А уникатноста и квалитетот на нивните вина веќе полека но сигурно станува нивен заштитен знак.
- Квалитетното црвено вино ја подобрува меморијата
Едно истражување направено на лица постари од 70 години, покажало дека оние што пијат по една чаша вино дневно, паметат повеќе од другите. Исто така, докторите објаснуваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови. - Помага при согорување калории
Практиката покажува дека луѓето што пијат вино редовно, имаат помала телесна тежина од оние што го консумираат ретко. Докажано е дека испиената чаша вино, може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути. - Го зајакнува имунитетот
Една британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на стомакот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како на пример од салмонела. - Заштитник на женските јајчници
Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајчници за 50 отсто. Научниците веруваат дека ова се должи на антиоксидансите, кои ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства. - Ги зајакнува коските
Во просек, луѓето што се редовни консументи на вино, имаат поголема коскена маса од оние што не го консумираат. Алкохолот го зголемува нивото на естроген, хормон што го забавува ронењето на старите коски. Вината од винарската визба Пирган се наменети за сите оние кои што сакаат спој од квалитет и спечифичен вкус, вино направено за душа.