ДУИ ќе го поддржи кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети вчера од партискиот митинг во Гази Баба ги повика поддржувачите на неговата партија да гласаат за кандидатот за градоначалник на Скопје на СДСМ.
Што се однесува до соработката со СДСМ, лидерот на ДУИ повтори дека подршката ќе биде обострана во тие општини каде еден од партнерите нема шанси за победа. Тој исто така рече дека и СДСМ ќе ги подржи кандидатите на ДУИ во градовите со албанско мнозинство.
– Ова ќе придонесе за зајакнување на власта и ќе биде во полза за сите граѓани, рече Ахмети.