Не само Франција, туку и уште други две ЕУ земји сметаат дека Македонија не е подготвена за преговори
Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија на состанокот во Луксембург препорача започнување на пристапни преговори со ЕУ во јуни, 2019 година доколку Македонија го одржи реформскиот напредок.
По состанокот во Луксембург, министерот за надворешни работи на Грција Коѕијас , пред новинарите изјавил :
-Имаше две различни линии. Од една страна , мнозинството на 25 земји сакаа да се започнат прегворите со Северна Македоноја/ФИРОМ и Албанија до летото 2019 година, а од друга страна Данска , Франција и Холандија сакаа да ги одложат преговорите. Многу јасно објаснив дека геополитичката и геостартешката ситуација на тие две земји бара помош, а не одложување. Објаснив дека домашната ситуација во овие две земји , покажува дека на нив им треба безбедност и стабилност, а не нови проблеми.
Според друг европски дипломат, позицијата на Холандија во врска со Македонија е дека Хаг го поздравува позитивниот исчекор во решавањето на спорот со името, но дека земјата се уште не ги постигнала основните критериуми за отварање на преговорите, а тоа се владеење на правото и реформите во администрацијата.
“Не можеме да ги затвориме очите само затоа што е затворено прашањето со името”, рекол дипломатот.