Биди еко – адвокат

Впрочем, да се постапува еколошки на личен план, во сопственото секојдневие, во рамки на домаќинството не е воопшто тешко. Единствено што треба да направите се нови одлуки за нови, практични, еколошки навики. Како посветени еколошкo свесни поединци можете многу лесно да ги организирате вашите потрошувачки навики, отпадот кој го создавате и начините на кои го селектирате. Бидете иницијатор и еколошки активист помеѓу ченовите на вашето тесно семејство, предложувајќи мали “реформи“ во секојдневните семејни навики.

Еве неколку практични совети во домаќинството кои ви одат во прилог.

  • Користете текстилни торби кога одите да пазарувате. Чувајте текстилни шопинг торби во автомобилот, на брз дофат во ходникот од вашиот дом или по некоја убаво здиплена во чантите. На ваков начин ќе ги заобиколите пластичните кеси кои се натрупуваат во кујната под мијалникот. 
  • Информирајте се дали водата во вашето домаќинство е бактериолошки исправна и избегнувајте да купувате флаширана вода во пластична амбалажа. Купувајте стаклени амбалажи, кои потоа се рециклираат.
  • Сепак поставете уште една канта за отпад во вашиот дом, што ќе го разграничи рециклирачкиот одпад од останатиот. Насобраниот рециклирачки одпад фрлете го во кантите поставени и означени за тоа.

Во заедницата

Бидете добриот пример што ќе посакаат останатите да го следат. Проширете го вашето еко – дејствување во заедницата. Можеби ќе се соочите со отпор и неколку издишувања, но на крајот сите ќе се радуваат на вашиот придонес.

Еве неколку идеји за вашата еко – мисија.

  • Предложете забавно решение за комшиско дружење во текот на викендот и чистење на одпадот од зелениот простор околу вашата зграда, влезот и подрумите. Поставете пункт за собирање на хартија и пункт за селектирање на рециклирачка пластика. Активирајте ги дечињата и возрасните во една мала еколошка акција, а потоа направете излет – дружење во чиста средина.
  • Бидете иницијатор на следниот куќен совет за поставување на систем светилки на сензори во влезот и лифтот. На тој начин ќе допринесете за заштеда на електрична енергија.

Во работната организација

Вообичаено, работните организации се големи потрошувачи на електрична енергија и хартија, како и создавачи на отпад. Доволно е секој лично да постапува еко- свесно во рамките на своите работни активности и овие параметри значително ќе се намалат. Постојат неколку зрели практики кои треба да ви станат навики и ќе бидете пример кој зборува сам за себе.

  • Избегнувајте да печатите документи и информации на хартија. Отворете фајлови за дигитално складирање на мрежни сервери, така што ќе имате можност сите потребни документи да ги понесете и отворите каде и да сте.  Доколку сепак морате да испечатите нешто, печатете двострано на рециклирана хартија.
  • Гасете ги сите електрични уреди кога не ги корстите. Исклучете го компјутерот кога одите на пауза и светилките кога напуштате просторија. Не само што ќе заштедите електрична енергија, ќе допринесете и за помали сметки. Таквиот пример ќе го поддржат менаџерите, а сигурно и вашите колеги.
Translate »