Хоџа се откажа, нема да биде советник на Заев
Џезаир Шаќири, алијас „командант Хоџа“, кој веќе неколку дена се наоѓа во центарот на вниманието на македонската јавност откако стана надворешен соработник на премиерот Зоран Заев за борба против радикализмот, денека потврди дека ја напушта оваа функција.
– Причината за тоа лежи во фактот дека медиумите во Македонија кренаа преголема врева за ова назначување. Единствениот политичар во Македонија што ми укажал некаква шанса е премиерот Зоран Заев и тој единствено ја има мојата почит. Не сакам заради ова Македонија да трпи на својот пат за ЕУ и НАТО. Ако мислеа дека ми е до тие пари, се лажат. Еве им ги назад, не ми се потребни, изјави Шаќири.
Шаќири беше ангажиран со времен договор на една година со плата од 36.000 денари месечно.
Хоџа: Горд сум на моите другари кои убија 8 полицајци во ,,Диво Насеље,,