На Хаваи им се заканува природна катастрофа од вулканот Килауеа, властите бараат помош

Експертите предупредуваат дека може да биде уште полошо и оти на Хаваите им се закануваат “огнени топки“.

На патот на лава досега се најдоа десетина објекти, евакуацијата на жителите и понатаму трае, а материјалната штета е огромна.

 

 

 

 

 

 

 

Меѓутоа, тоа не е ништо во споредба со она што може да се случи, предупредуваат хавајските власти, доколку лавата стигне до геотермалната електрана, која е на патот на лавата. Доколку хемикалиите дојдат во контакт со лавата ќе предизвикаат огромни експлозии, а огнените топки може да загрозат подрачје од неколку километри.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Затоа властите наредиле итно преместување на десетина илјади галони од електраната, а формиран е и кризен тим.

Истовремено, геолошките експерти предупредуваат и дека врвот на вулканот Килауеа би можел во наредните денови или месеци да експлодира и да “катапултира“ пепел и парчиња од карпи, тешки и по неколку тони, неколку километри во височина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Исто така, во тој случај пепелта и чадот би одлетале во воздух и до 25 километри, поради што во воздухот би влегла огромна количина на токсични материи кои би можеле да предизвикаат гушење и труење на жителите.

 

 

 

 

 

 

 

Поради катастрофата која ја погоди неговата земја, гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге побарал од претседателот на САД, Доналд Трамп да прогласи состојба на катастрофа на тоа подрачје.

Слична сотојба и во Индонезија:

Вулканот Мерапи исфрли пепел во тек е евакуација на населението

Translate »