СЗО: меѓу најголемите закани за човековото здравје во 2019 година, освен еболата, денга и други опасни заразни и незаразни болести се и противниците на вакцинирањето.
Светската здравствена организација СЗО објави список на најголеми закани за човековото здравје во 2019 година, а освен еболата, денга и други опасни заразни и незаразни болести на листата се најдоа и противниците на вакцинирањето.
Антивакцинерите, како што се нарекуваат противниците на вакцинирањето деца, прогласени се за една од најголемите опасности за човековото здравје во 2019 година, затоа што поради нив се враќаат болести кои беа речиси истребени.
СЗО така на листата не сакаше да стави конкретни болести, туку директен причинител, односно движењето против вакцинирањето кое последните години е се погласно.
Противници на вакцинирањето
Во официјалната објава наведоа дека одбивањето на вакцина, иако вакцините се достапни, претставува закана за секој досегашен напредок кој се направен во спречувањето болести, кои инаку, може да се спречат.
„Во некои земји болестите беа речиси искоренети, а сега се повторно се појавија. Вакцинацијата во моментот спречѕва два-три милиони смртни случаи годишно, а може да бидат спасени уште милион и пол животи ако вакцинирањето во светот се подобри“, велат од СЗО.
Загадување и климатски промени
СЗО објави дека девет од десет луѓе во светот секојдневно вдишуваат загаден воздух, а седум милиони луѓе годишно умираат од последици од загадувањето.
Загадувачките честици може да влијаат на респираторниот и циркулирачкиот систем, да ги оштетат белите дробови, срцето и мозокот, при што секоја година предвремено умираат седум милиони луѓе од рак, белодробни болести и мозочен или срцев удар.
Незаразни болести
Луѓето најмногу умираат од незаразни хронични болести како рак, срцеви болести и дијабетес. Конкретно, тие се причина за 70 отсто од смртните случаи во светот. СЗО вели дека причинители се цигарите, алкохолот, нездравата храна и малку физички вежби, како и загадувањето.
Од вкупно 41 милиони луѓе кои годишно умираат од незаразни болести, 15 милиони се млади од 30 до 69 години.
Глобална пандемија на грип
СЗО предупредува дека светот ќе се сретне со уште една пандемија на грип и дека е непознато кога ќе се случи и колку ќе биде тешка.
Се работи за една од најнепредвидливите болести на светот.
Светскиот систем на одбрана од грип, е силен само онолку колку неговата најслаба алка, односно зависи од различни нивоа на подготвеност во различни земји.