Eдна од најубавите грчки жени, Министерката за туризам, Елена Кундура исклучeна од партијата на Каменос зошто го спасува Преспанскиот договор

Министерката за туризам, Елена Кундура, иако важи за една од најубавите средновечни жени во Грција синоќа пред полноќ беше известена дека е исклучена како член на Неависни Грци заедно со Василис Кокалис, заменикот во ресорот земјоделство.

Пресудно беше нејзиното одбивање на партискиот повик од лидерот Панос Каменос да си поднесе оставка како министерка, но исто така нејзиниот глас беше клучен во изгласувањето на доверба на грчката влада на премиерот Алексис Ципрас и најавата дека, исто така, 56-годишната политичарка од Атина ќе го поддржи Преспанскиот договор. 

Пред нејзиното влегување во политиката, таа беше меѓународен модел, директор на женско списание и атлетичар. Од 1984 до 1997 година имаше меѓународна кариера, а во 1990 година е избрана од CNN како една од десетте најубави модели во светот  Служејќи како амбасадор на добра волја за УНЕСКО и УНИЦЕФ, зборува англиски, француски и шпански, покрај грчкиот.

Не и е прв пат да има несогласувања со својот партиски лидер и да гласа според своја свест како непосреден народен избраник. Во 2012-та Андонис Самарас ја исклучи од Нова Демократија откако гласаше против планот за излегување од финансиската и должничка криза на Грција.

Туристичкиот бум кој го бележи Грција и рекордните бројки на посетители во 2017-та и 2018-та се должат на стратегиите на промоција на Кундура. Туристичкиот сектор во Грција во 2017-та достигна 30,5 милиони посетители за прв пат, а 32,5 се евидентирани во 2018-та. Во првите пет месеци од 2018 година, посетителите имаа зголемување од 19,7 проценти, споредено со 2017 година, а слетувањата на некои аеродорми беа повеќекратно повеќе а време на туристичката сеона.

Сето ова не му беше доволно на Каменос и синоќа  Комитетот за етика на Независни Грци реши официјално да ја отстрани. Каменос како лидер на партијата си поднесе оставка како министер за одбрана, но не доби поддршка од министрите и некои негови пратеници да се блокира ратификацијата на Преспанскиот договор и да се гласа за недоверба на владата предводена од Ципрас и неговата Сириа.

Независни Грци и Сириа речиси цел мандат беа владини коалициони партнери, но Каменос реши да излезе од Владата поради тоа што не го подржува Преспанскиот договор и најверојатно поради десно-популистички мотиви во обид да го сголеми рејтингот кај своето гласачко тело пред парламентарните ибори.

„Г-ѓа Кундура и г-дин Кокалис се отстранети од АНЕЛ (Независни Грци) затоа што, како членови на АНЕЛ и држејќи министерски позиции, тие одбија да се откажат од овие позиции и на тој начин се спротивставија директно на партиските одлуки за повлекување на членовите на АНЕЛ од нивните министерски позиции“ се вели во соопштението за јавност објавено доцна синоќа.

Translate »