Харден испиша историја во НБА лигата на дебито за Бруклин

Кошаркарите на Бруклин славеа синоќа победа над Орландо со 122:115 во натпревар во кој Кевин Дурант и најновото засилување Џејмс Харден постигнаа повеќе од половината поени за својот тим (74)

Харден, кој минатата недела премина од Хјустон во Бруклин стана првиот кошаркар во историјата на НБА лигата, кој запишал трип-дабл ефект со повеќе од 30 поени (32 кошеви, 12 скокови, 14 асистенции) во дебитантски натпревар за нов клуб.

НБА резултати од ноќта меѓу саботата и недела.

Бруклин – Орландо 122:115

Торонто – Шарлот 116:113

Мемфис – Филаделфија 106:104

Мајами – Детроит 100:120

Портланд – Атланта 112:106

Сан Антонио – Хјустон 103:91.

Translate »