Исповед на силуваното момче: Татко ми ме силуваше во купатилото, последниот пат кога ми го направи тоа, земав нож да се самоубијам
Момчето кое во Књажевац било силувано од таткото, се обидело да се самоубие во училишниот двор. До пред некое време, детето молчело за се, но во еден момент целата приказна излегла на виделина.Трауматизираното момче се исповедало на лице во кое имало доверба и така случајот бил пријавен во полиција.
“Молчев и мижев , ми се повраќаше, ама не смеeв да писнам. Велеше дека ќе ме убие, и мене и мајка ми ако прозборам. Мислев дека е подобро да трпам отколку да ме претепа”, раскажува момчето.
“Сакав да се убијам, воопшто не ми беше страв да умрам. Ми беше страв само од татко ми. Не сакав повторно да ми го прави “тоа”. Не сакав да ме тепа со ременот”, вели детето.
Момчето сега е со мајката, во домот на вујко му . Жената избегала од сопругот пред една година. Сведочи дека кај неа имало сомневање дека зад заклучаната врата во купатилото се случувало нешто.
” Jaс ќе се соблечам, а тој прво целиот ќе ме избања. Тогаш ќе ми стави шампон на главата и ќе ме натера да ги отворам очите и устата. Го мразев тоа, бидејки ме печеа очите, но морав да ја голтам пената. Првиот пат кога ми го нарави тоа, ми рече дека не смеам никому да кажам оти ќе ме убие. Многу ми беше страв, не смеев ни глас да пуштам, а тој, за секој случај, ми ја затвораше устата со рака. А кога ме тераше да го правам ”она другото” , исто така ми се закануваше. Ми велеше дека ќе ме прететпа и мене и мајка ми ако зборувам. Беше ужасно, ми се повраќаше, но не смеев ни да заплачам…, вели момчето.
Мајката вели дека неколку пати го прашала синот што правеле со таткото во купатило, но детето велело дека само го бањал
– Ми беше сомнително зашто ја заклучува вратата. Потоа ми стана сомнително зошто толку долго го бања. Ми велеше да не се мешам, дека тој, како татко, белким има право да си го избања синот. Детето плачеше кога требаше да влезе во купатилото. Еднаш слушнав страшен вресок и кога прашав што се случува, мажот ми одговори дека на малиот му влега пена во очите. Се случуваше после бањањето, детето постојано да плука . Тогаш не сфатив, а требаше да знам…, си спомнува мајката.
Таа вели дека никогаш не го видела чинот на силување
– Сакам да помине 100 години во затвор и таму да му го прават она што тој нам ни го правеше. Мојот син е на психијатријско лекување и прима треапија, вели жената.о
Осомничениот во моментов е во притвор од 30 дена поради сомневање дека од 2015. дo 2016. во повеќе наврати го силувал својот син додека го бањал.