Ќе се отвора нов граничен премин меѓу Македонија и Бугарија

До крајот на 2020 година се очекува да биде готов патот кон граничниот премин „Клепало”, во близина на Берово, кој треба да биде четврти граничен премин меѓу Македонија и Бугарија, најави синоќа бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи, Николај Нанков, за време на парламентарната контрола.

– Од македонска страна делница е подготвена, но има потреба од поправка, за што се веќе преземени ангажмани – изјави тој.

Инаку, транспортната врска до контролниот пункт е околу 30 километри, а патот не е поправен повеќе од 30 години. Побарана е изработка на технолошки проект за поправка на првите 16 километри од патот и, според првичната оценка, поправката ќе чини околу пет милиони евра.

Translate »