Кој ќе биде кандидатот на ВМРО на претседателските избори во 2019 година?

Влатко Ѓорчев, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕоствари средба со претседателот на Демократските сили на Ромите, Шабан Салиу, иако овој потег не е неочекуван ако се знае дека се работи за двајца коалициони партнери.

Претходно, Ѓорчев на 1 јануари ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која положи цвеќе на гробот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.

-Ромите залужуваат многу повеќе проекти. Потребен е многу поголем ангажман околу прашањата кои ги засегаат Ромите. Ромите се директно засегнати од економијата, невработеноста, сиромаштијата и животниот стандард. Економскиот напредок или назадување директно ги засега сите граѓани од сите националности, пишува тој на Фејсбук.

Инаку опозициската партија вчера го објави огласот со повик за кандидати за претседател на Македонија, кој ќе се избира на партиска конвенција од 550 деегати.

Шабан Салиу есента 2017-та беше разрешен како прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување од страна на новата власт., а на негово место беше назначен Аднан Џафероски, член на Извршниот одбор на СДСМ. 

Салиу со неговата партија беше дел од коалицијата на помали етнички партии заедно со ВМРО-ДПМНЕ

Translate »