Принцот Хари и предложи брак на актерката Меган Маркл
Во кралската палата во Ангија на пролет ќе има нова снаа.
Принцот Хари ѝ предложи брак на својата девојка Меган Маркл. 33-годишниот претставник на британското кралско семејство и 36-годишната холивудска актерка ќе стапат во брак следната пролет.
Среќната вест беше објавена преку официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.
Својата врска со Меган, Хари ја откри пред јавноста во ноември минатата година, преку соопштение во кое побара да запре „бранот од навреди и малтретирање“ кон неа.
Откако во јавноста протече информација за нивната врска, Меган постојано е следена од новинари и фоторепортери, непрекинато е мета на оцрнувачки коментари и навреди, а неретко се пласираат во таблоидите и лажни стории за неа.
„
„Многу сме возбудени за Хари и Меган. Прекрасно беше што ја запознавме Меган и што видовме колку се среќни таа и Хари заедно“ – стои во порака од принцот Вилијам и војвотката Кетрин.