Јулија Скрипал е отруена неколку дена откако била овластена на сметка со 150 000 фунти
Јулија Скрипал е отруена со нервен гас само неколку дена откако била овластена на банковната сметка на која имало 150 000 фунти стекнати од продажба на куќа во Британија. Парите му припаѓале на нејзиниот брат Александер, кој починал под сомнителни околности во Санкт Петерсбург минатата година. Јулија ја овластил татко ѝ, кој исто така бил отруен со Новичок, на 4 март во Салсбури. Продадената куќа била во сопственост на Сергеј Скрипал и неговата бивша сопруга , Наталија.Таа сега е омажена за тениски тренер од Велс, кој работи на Кипар. Парите од продажбата биле поделени на половина, а делот на Скрипал легнал на сметка на банка во Русија.
Постоењето на тајната сметка ја обзнани внуката на отруениот Сергеј, Викториа Скрипал(45), која оваа недела треба од Русија да допатува во Британија за да ја посети Јулија во болница.
Викториа, која е од Јарослав, сведочи и за мистериозното момче на Јулија со кое таа требаше да се омажи. Тие живееле заедно, но таа го чувала подалеку од блиското семејство. Викториа се сомнева дека тој на некој начине поврзан со случајот. Неговиот идентитет е тајна.