Втора среќа: Пејачката Цветанка Глигорова стана хрватска снаа

Цветанка Глигорова од пред некој ден е г-ѓа Бартуловиќ.  Со Крешимир  се запознале пред една година во Крушево и оттогаш  се нераздвојни.  Тие викендов, на Цветници,  во присуство на најблиските го ставија својот потпис во матичната служба в0 Кавадарци и ја овековечија љубовта.

Крешимир живее во Загреб.  Работи во хрватски Телеком, а магистер е по маркетинг и телекомуникации. Вљубеник е во музиката и шоу бизнисот. Се занимава со караоке забави и видео, фото и аудио промоции.

Малку од невестинската торта за хрватскиот зет 

Втората шанса за брачна среќа,  двојката  ја прослави со луда журка, во хотелот Балкан, во Кавадарци.

Цветанка во свој елемент, среќна и распеана

 

Цветанка со сопругот Крешимир и ќерката Ана

Со среќа нека им е!

 

Translate »