30-тина фризери од Македонија се едуцираа на Болоњскиот семинар за професионални фризери!

30-тина фризери од Македонија се едуцираа на традиционалниот Болоњски семинар за професионални фризери!

30-тина професионални фризери и техничари, како и make-up артисти од Македонија, веќе по трет пат, благодарение на компанијата Вертикал Вејв – која е овластен дистрибутер на професионалниот бренд за коса  IMEL Profesional, присуствуваа на 52-от саем за фризерство COSMPOROF во Болоња, Италија.

Таму имаа можност за да се запознаат со европските и светските новитети во негата на косата, со најновите фризерски трендови, да разменуваат искуство и знаење, и на лице место да видат како работат врвните мајстори.

Станува збор за еден од најголемите и најпрестижни саеми на светот во областа на модната козметика и фризерството, а на кој македонските претставници беа предводени од професионалниот фризер Даниел Пауновски кој истовремено им ги презентира  и новитетите поврзани со производите на  IMEL Profesional.

“Жените се силно осетливи на нивната коса, која секогаш мора да биде во одлична форма!  Токму поради тоа професионалните фризери се многу пребирливи при изборот на козметиката која ја користат. Тоа треба да биде квалитетна козметика која ја негува косата, која на долг рок влијае на нејзиниот квалитет. Пропорачливо е да користат производи со хиалуронска киселина кои помагаат косата да постигне максимална хидратација и да се зголеми производството на природен колаген, истакнувајќи ги посебно квалитетите на Имел козметиката.”, изјави Даниел Пауновски.

Производите можат да се најдат само во фризерските салони. Ја штитат внатрешната и надворешната структура на влакното, а се идеални за сите фризерски техники како фарбање, трајно виткање, бланширање и полна рестравација на косата.

Не го оштетуваат влакното на косата, и даваат убав и посакуван сјај на косата.

Translate »