Татјана Алексиќ – професорка со смисла за хумор која ја обожаваат учениците!

Учениците ја обожаваат поради нејзината непосредност, пријателски однос и смисла за хумор. Професорката по македонски јазик во гимназијата „Корчагин“, Татјана Алексиќ е негувана дама која држи до себе.

Kаков е Вашиот дневен козметички ритуал? 

– Задолжително утринско миење, потоа нанесувам дневна крема Еуцерин, а по потреба мејкап. Не се шминкам секогаш, има денови кога одмарам и излегувам ненашминкана, особено преку лето. Јас сум просветен работник и шминкањето не ми е во опис на работната позиција, на учениците не им пречи ненашминкана учителка. 

Со какви препарати го негувате лицето? 

– Млеко, тоник и сапун за чистење на лицето ми се стандард, никогаш не сум легнала да спијам со траги од шминка.

Кои производи ги употребувате за нега на коса?

– Обично користам цимет и ореово масло помешани со регенератор како хранлива маска. Со години ме негува мојата малска фризерка Жане, со волшебните ампули на серум тиандер. Преку лето не користам фен за сушење на коса. Што сакате да прикриете, а што да истакнете со шминка? Се обидувам да ги камуфлирам сѐ повидливите траги на годините, со техники на декоративна козметика која подразбира коректор, основа за мејк ап, добра течна пудра, шајмер за вештачка свежина, сет за исцртување веѓи и маскара, тие ми се основен алат. Сенки, руменила, кармини користам по потреба и соодветно на приликите. 

Повеќе на

https://zenskimagazin.mk/pred-ogledalo-so-tatjana-aleksikj-se-boram-da-se-zdebelam

Translate »