ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ: Голем број луѓе се имуни на коронавирусот, еве што вели СЗО
Најмалку шест студии укажуваат на постоењето на Т-ќелии реактивни на SARS-CoV-2 кај 20 до 50 проценти од луѓето кои немале контакт со вирусот.
До сега се чинеше дека луѓето немаат отпорен постоечки имунитет на коронавирусот, но дали навистина е така? Научниците сега ги истражуваат можните имунолошки одговори, пишува„British Medical Journal“
Дури и во локални подрачја каде се регистрираа едни од најголемите зголумувања на смртни случаи од почеток на пандемијата, серолошките испитувања покажуваат дека околу петтина луѓе имаат антитела на Ковид-19: 23 проценти во Њујорк, 18 проценти во Лондон и 1 отсто во Мадрид.
Не така нов коронавирус?
Со оглед на тоа дека одговорите на јавноздравствените институции ширум светот се темелат на претпоставка дека вирусот кај луѓето влегол вез претходно постоење на имунитет, четири податоци наведуваат на заклучок дека вирусот има, како што истакнал шефот за вонредни ситуации на СЗО Мајк Рајан, долг пат на делување.
Но, низа студии кои забележале како Т-ќелиите реагираат на вирусот и кај луѓе кои немале допир со вирусот, сега отвораат нови прашања за вистината за природата на епидемијата.
Во истражување на крвта од донори чии примероци во САД се собрани меѓу 2015 и 2018 година, кај 50 проценти се пронајдени форми на Т-ќелии кои реагираат на вирусот.
Постои цврста основа
Иако овие студии се мали и се уште не даваат прецизен увид во постоењето на имунолошки одговор на SARS-CoV-2, тешко е да се занемарат.
-Во овој момент имаме неколку студии кои покажуваат реактивност на разни континенти. Како научник знам дека тоа е нешто што има цврста основа, вели за една од студиите Алесандро Сете, имунолог од Институтот за имунологија во Калифорнија и автор на неколку студии.
Истражувачите исто така се уверени дека се на добар пат да го утврдат потеклото на тој имунолошки одговор.
Дали имунитетот на населението е потценет?
Истражувањето на серопреваленцијата која ја детектира присутноста на антитела, е преферирана метода во мерењето на луѓето односно одредена популација која е инфицирана со Ковид-19 и која поради тоа до некоја граница е имуна. Без оглед дали имунитетот ќе го постигнеме по природен пат или со вакцинација, се чини дека ништо нема да биде готово се додека не се постигне колективен имунитет.
Фактот дека мал број на луѓе, дури и во најпогодените подрачја, има антитела на SARS-CoV-2, многумина ги наведе на претпоставка дека пандемијата е далеку од крајот. Во Њујорк каде се покажа дека само петтина од испитаните лица имаат антитела, научниците заклучиле дека следењето, тестирањето и барањето на контакти остануваат главна јавноздравствена стратегија.
Колкав и да е тој праг на колективен имунитет, ние се уште му се немаме приближено, велат од Светската здравствена организација.
Сепак, познато е дека меморијата на Т-ќелиите има способност да влијае на сериозноста на клиничката слика и подложноста кон други инфекции.