Љупчо Николовски: Директори што никој не ги знае нема да добиваат 180.000 денари плата

Љупчо Николовски, вицепремиерот за спречување корупција, за отчетност и за човечки ресурси, на денешниот брифинг со новинарите рече дека има голем број на директори за кои никој не знае во јавнста што работат и дека добиваат плати и до 180.000 денари.

– Директори на јавни претпријатија и институции добиваат и до 180.000 денари плата, многу поголеми од самиот премиер и министрите во Владата, но тие директори никој не ги знае и тие како да работат во скриени институции, рече вицепремиерот пред медиумите.

Тој рече дека институции како АД Агро-Берза и Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти се сосема непотребни и најави дека ќе се стави лимит на службените картички на функционерите. 

– Од службените картички не смее да се вади кеш, а такви примери имало порано кога од банкомат во Кратово биле вадени и до 5.000 евра, а се купувале и костими и одела. Toa ќе се реши системски, откако ќе се направи анализа на проблемот, вели Николовски.

Вицепремиерот најави ангажирање на тројца свои советници, од кои и некои кои работат во странство и се подготвени да се откажат од големите плати само за да работат со него. рече дека тесно ќе соработува со собраниската комисија за избори и именувања која ја предводи пратеникот Костадин Костадинов, а понеделник на заеднички состаноци ќе ги координира УЈП, економскиот сектор на МВР, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и Царинската управа.

– Има многу вработени кои членуваат во разни комисии а таму ги поставил самиот министер кој е близок со нив и при тоа министерот им одредува надоместок колку што сака. Има и директори кои зимаат директорски плати иако нивните институции не треба да постојат. Такви на пример има многу во образованието, каде што има на пример Агенција за акредитација на образовни програми и Педагошка служба, смета Николовски.

Вели дека во многу инстуции има скриени надоместоци кои треба да бидат намалени,м а во неговиот мандат ќе се бара одговорност од директорите и додека се на функција и пред да бидат назначени.

– Никој директор не е разрешен на основа на ревизија од државниот ревизор. Тие ќе доаѓаат на самите владини седници за да одговараат за нивната работа и за тоа што ќе им биде забележано. Директор од сега нема да може да биде именуван ако нема план и програма за работа, а не како до сега да поднесува само еден пасус., најави вицепремиерот.

Тој рече дека некои локални самоуправи се крајно затворени и ќе мора да даваат во иднина отчет, а најави и нови законски решенија за системско проверување на потеклото на имот на функционерите. 

Translate »