Пакомак со повратни вендинг машини: Рециклирање на Д фестивал
Пакомак, македонската компанија за селектирање и управување со амбалажен отпад, има значително влијание на овогодинешниот Д Фестивал во Дојран. Повратната вендинг машина на Пакомак поставена во самиот камп ќе им обезбеди на посетителите на фестивалот лесен начин на рециклирање, кој нуди придобивки за секој корисник.
Секој оној кој што сака да ги користи бенефитите од машините ќе треба да ја има инсталирано на својот мобилен телефон мобилната апликација со превземање од Play Store или App Store или со скенирање на QR кодот што се наоѓа на самата машина и на брендираните постери на Пакомак поставени во и околу кампот.
Потоа, од 30-ти јуни до 2 јули во Дојран, може да ги одложат своите алуминиумски лименки и пластични шишиња во машината, заработувајќи вредни зелени поени во процесот. На самиот фестивал посетителите ќе имаат можност да добијат ваучери за бесплатен пијалак со селектирање на 10 шишиња или лименки во повратната вендинг машина, или пак да донесат 10 шишиња или лименки на штандот на Пакомак кој ќе биде поставен на Д Фестивал.
Оваа иницијатива не само што промовира почиста животна средина, туку и поттикнува активно учество во напорите за намалување на отпадот. Со сите овие активности Д Фестивал се претвора во незаборавно искуство исполнето со музика, забава и можност да се придонесе кон позелена иднина.
Со користење на повратната вендинг машина на Пакомак на Д Фестивал, присутните можат активно да се вклучат во одржливи практики додека уживаат во енергичната атмосфера на настанот. Непречената интеграција на технологијата и рециклирањето им дава моќ на посетителите на фестивалот да имаат позитивно влијание врз животната средина. QR код за преземање на апликацијата
Со секоја рециклирана лименка или шише, поединците не само што заработуваат зелени поени, туку придонесуваат и за севкупната мисија за создавање посвесно општество за екологијата. Ако сме посветени и обединети за позелена иднина може да го направиме Д Фестивал светол пример за еколошка одговорност.