2 Мртви, 700 предозирани и 13 пренесени во болница е исходот од забавата во Сиднеј, премиерката на Австралија е згрозена од настанот
Две лица починале, 13 биле пренесени во болница, а дури 700 лица побарале медицинска помош откако, најверојатно, зеле прекумерна количина на дрога на музички фестивал во Сиднеј, Австралија, соопштила денеска полицијата.
Откако колабирале на фестивалот “Defqon1”, 23-годишно момче и 21-годишна девојка починале, а две од 13 хоспитализирани лица се наоѓаат во критична состојба, се наведува во соопштението.
“Згрозена сум од она што се случило. Не сакам ниту една фамилија да доживее трагедија со каква некои фамилии се разбудија утрово, ужасно е само кога ќе помислите на тоа”, изјавила премиерката на австралиската држава Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.
“Разочарани сме од бројот на пријавени инциденти поврзани со дрога. Имаме нулта толеранција во врска со употребата на дрога на фестивалот”, соопштиле тие.
На истиот фестивал во 2013 и 2015 година починале две момчиња на возраст од 20 години, двајцата од прекумерна доза на наркотици. Фестивалот кој еднаш годишно се одржува во Австралија од 2009 година, го организира “Q-Dance Australia”, огранок на организацијата “Q-Dance”, наведуваат медиумите.