Видео: Деца генијалци пронајдоа изум кој ќе го спаси светот од загадување
Група основци смислиле начин на кој може да се рециклира стиропорот, за чие разградување се потребни цели 500 години, а производот кој се добива од тој процес се користи за прочистување на водата.
Како што објаснил еден од учениците, секојдневно сме опкружени со многу предмети од стиропор кои ни служат само за еднократка употреба. Тоа најдобро го гледаме по чашите, пакетите за пакување на храна или кога купуваме домашни апарати.
“Кога купувате нов телевизор со рамен екран, со него добивате многу стиропор, кој зазема повеќе простор од самиот ТВ. Каде одат сите овие предмети кои ги користиме за еднократна употреба? Зошто да не ги рециклираме, како што правиме со пластиката?”
Само Американците трошат 25 милијарди чаши од стиропор во текот на годината, од што 25 проценти завршуваат на депониите.
Рециклирањето на стиропорот е многу скап и потенцијално контаминиран процес, па поради тоа постои многу мала пазарна потрошувачка за тоа. Сепак, изумот на овие деца тоа може да го промени.
“Мојот тим изнесе хипотеза дека би можеле да користиме јаглерод кој веќе се наоѓа во стиропорот, за да создадеме активен јаглен, кој денес се користи во речиси секој филтер за вода”, навел еден од учениците.
Активниот јаглен кристи многу мали микропори за филтрирање на вода, па дури и на воздух.
“Се обидувавме од почеток и од почеток, по секој неуспех. Речиси бевме подготвени да се откажеме, но тогаш се случи. Во вистинско време, со вистинска температура и хемикалии, конечно добивме успешни резултати, кои покажаа дека создадовме активен јаглен од фрлениот стиропор”.
Нивниот проект добил многу награди, меѓу кои и признание од Американската морнарица.
“Успеавме да создадеме активен јаглен за прочистување на вода, за да ја намалиме количината на отпад, која настанува со фрлањето на стиропорот. Решивме два глобални проблеми, со само едно решение”, рекло ова момче.