Се заглавил во автомобилот, во обид да го украде, па повикал полиција!
Крадецот морал да побара помош од полиција, зашто останал заглавен во автомобилот што го крадел. Според полицијата 17 годишниот крадец се обидел да украде автомобил , откако упаднал во салон за продажба на нови возила.
Откако сфатил дека не може да излезе од автомобилот што не можел да го стартува , повикал полиција на помош.
Полицијата веднаш пристигнала и го однела младиот крадец во притвор.