Нова, иновативна PROBIOTIC линија на Виталиа
Next Generation Mealsза внатрешен баланс
Современиот начин на живот носи свои предизвици меѓу кои е и нездравата исхрана. Како резултат на тоа, се почести се здравствените проблеми, од типот на зголемена телесна тежина, дијабетес, рак, кардиоваскуларни болести, воспалителни болести на цревата и ментални нарушувања.
Во последните неколку години се зголемени истражувањата за дигестивниот систем кои ја потврдуваат важноста за одржување на балансирана цревна микрофлора, а со тоа и неопходноста од консумирање на пробиотици. Во нашиот гастроинтестинален тракт живеат трилиони микроорганизми (добри бактерии) кои играат клучна улога во одржувањето на нашето здравје. Тие помагаат и за правилно функционирање на имуниот систем, а имаат и позитивна улога врз одредени болести, како алергиите и когнитивната функција.
Правилната дигестија и одржување на балансирана цревна микрофлора се основа за здрав организам. Токму затоа, од огромна важност е во секојдневната исхрана редовен внес на пробиотици.
Но, што поточно се пробиотиците и како тие делуваат на здравјето?
Пробиотиците се добри бактерии кои позитивно делуваат на телото и му помагаат да функционира правилно. Тие го одржуваат балансот на организмот, делувајќи позитивно врз дигестивни проблеми како што се: гасови, подуеност, болки, грчеви, дијареа.
Неодамна, на македонскиот пазар се пласира нова иновација во категоријата PROBIOTIC кои ја збогатија понудата на овој тип производи.
Се работи за новата пробиотска линија на Виталиа која се состои од: Пробиотски овесни колачиња и Пробиотски овесни каши, кои се извор на протеин и растителни влакна, а притоа не содржат додадени шеќери. Повеќе од 3 милијарди пробиотици и 5 различни бактерии добри за дигестивниот систем се содржани во пробиотската линија на Виталиа, поради што овие производи спаѓаат во категоријата „суперхрани“.
Овесните PROBIOTIC каши на Виталиа се одличен избор за старт на денот, бидејќи тие се вкусни, здрави и во комбинација со јогурт претставуваат појадок кој ќе направи да се чувствувате сити, но и лесни. Тие се достапни во два различни вкусови:
1. Комбинација на кокос, шумско овошје и бело чоколадо; и
2. Комбинација на киноа, малина и чиа семе.
Новите колачиња PROBIOTIC на Виталиа се одлична закуска кога сакате брз здрав оброк, на нога или во движење. Достапни во три различни вкусови: комбинација од темно чоколадо и лешник; комбинација од млечен какао прелив и путер од кикирики; и комбинација од црвено овошје и чиа семе. Овие колачиња не содржат додадени шеќери, а со тоа подобро ќе го почувствувате моќниот вкус на внимателно одбраните состојки. Тие се идеални за да ги понесете со себе на патување и да си дозволите вкусна, но и здрава ужина секогаш кога ќе се почувствувате дека губите енергија.
Со линијата PROBIOTIC на Виталиа сега имате избор и можете да консумирате нешто вкусно и заситувачко, а истовремено здраво и корисно. Иновативниот начин на производство и оригиналната рецептура на линијата PROBIOTIC ги препозна и стручното жири на Саемот ISM Келн, кое на Виталиа ѝ го додели престижното признание за иновативност.
Вистинската важност на балансот во организмот ја дознаваме тогаш кога ќе се соочиме со првите проблеми. Затоа, експертите советуваат дека подобро е да делуваме превентивно, отколку да чекаме на „алармите“ на нашето тело. Секојдневниот внес на пробиотици ќе му овозможи на вашиот метаболизам да функционира правилно и да ја почувствува онаа леснотија која сигнализира дека телото е здраво и подготвено за денот кој следува!