Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува штетниот договор што отстапува македонски јазик и националност
Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис.
– Единствениот начин да се гарантира дека овој Договор нема да се ратификува во грчкиот парламент е да се одржат национални избори пред Договорот да дојде на ратификација во грчкиот парламент, за грчкиот народ да одлучи, не само за земјата, туку и за договорот за кој, како што реков, сметаме дека е штетен за националните интереси. Но, сакам да додадам и уште нешто: сликата од изминатите денови во соседната земја, за време на подготовката за првото гласање во Собранието, според моето мислење, не е слика која одговара на земја што може да се стреми да стане членка на големото европско семејство, рече Кирјакос Мицотакис.