Што им порача Каменос на грчките пратеници со твитот за 2 милиони евра?!

 

Не поминаа ни три дена откако  Алексис Ципрас  рече дека нема да толерира разногласие во својата Влада за прашањата од национален интерес, а неговиот коалициониен партнер Каменос го погази неговиот збор, пишува Катимерини. Во ист ден, Ципрас му честиташе  на Заев за ” одлуката во парламентот како голем и важен чекор на зaедничкиот успех” , а Каменос преку твит објави

– Кој би помислил дека во европскиот систем на вредности и демократија тие што не гласаат според наредбите се затворани, а послушните добиваат бонуси од два милиони евра црни пари. Засрамен сум! 

Се разбира, Ципрас својот твит го напиша на англиски, а Каменос на грчки, но во денешно време на слободни интернет комуникации, нема јазични пречки, а внатрешната политика се рефлектира во надворешна, така што многу брзо дојде и одговор од портпаролот на Зaев, Бошњаковски, кој го обвини Каменос дека шири лажни и непотврдени информации, пишува  весникот.

Според Катимерини,  премиерот Ципрас треба да сфати  дека разногласието во внатрешната политика неминовно  се одразува и на линијата на единствените стратешки национални интереси. Како второ ,  тој  треба да разбере и какво влијание имаат изјавите на  Каменос врз домашната грчка  јавност. Неговите обвинувања за поткуп на македонските пратеници поради темни политички интереси  е тема во која грчката јавност брзо ќе се пронајде, a  во домашните кафулиња ќе се запрашаат: Колку од нашите пратеници ќе гласаат за договорот? Дали  пратениците на Каменос кои би го послушале повикот на Ципрас да гласаат исто така би биле обвинети за некој  “срамен” договор?

Ваквите  обвинувања будат отровни  сомнежи против кои ќе мора постојано да се води борба, а сите постојано ќе мора да се докажуваат особено ако се продолжи со ширеење лажни вести, заклучува весникот.

Translate »