Истражувањето покажа: Паметните телефони влијаат на дебелината!

Време е да ги оставите телефоните додека јадете!

Ви се чини додека јадете за време на доручек, ручек или вечера дека е досадно да се концентрирате само на јадењеѕо, па проверувате вести на телефонот, испраќате меил или објавувате на Инстаграм? Па… советот е да запрете со тоа и за време на јадењето да го оставите мобилниот подалеку од вас! Имено, бразилските научници од “Federal University of Lavras” откриле во истражувањето дека ќе додадете повеќе калории ако за време на оброк ги користите телефоните. Значи, би можеле да заклучиме дека телефоните но исто така и читањето новости или гледање телевизија може да ја зголемат телесната тежина!

Тие се виновни зошто јадеме 15% повеќе

За истражувањето научниците подготвиле примамливи закуски за 62 испитаници. Во текот на првите два теста испитаниците за време на оброкот ги читале новостите или играле на телефонот. Во третиот дел од тестот им беше дозволено да јадат колку што сакаат, но не требало да ги допираат телефони.

Резултат: Тој кој паралелно играл на телефонот внел 15% повеќе калории од оние кои за време на оброкот не го користеле телефонот.

Одвлекување на вниманието е всушност тоа што здебелува

Научниците го поврзуваат зголемениот внес на калории со употреба на телефонот, со одвлекување на вниманието на испитаниците, односно не биле свесни колку навистина јаделе. Значи, оној кој за време на оброкот постојано се концентрира на други работи му се заканува ризик од дебелина, тврдат научниците.

Се брои повеќе од тоа што е во чинијата

Општо е познато дека здрава и избалансирана исхрана може да ја спречи дебелината. Меѓутоа, бразилските научници тврдат дека не е важно што се јаде туку и како да се јаде. Односно, “Луѓето не мораат да внимаваат кои намирници ги конзумираат туку треба да ги избегнат вознемирувачките фактори за време на оброкот!”

Translate »