Изумираат пчелите во Македонија!

loading...

Изумираат пчелите. Проблемот е глобален, ама трендот е присутен и во Македонија.

Пчеларите кои ги консултиравме потврдуваат дека смртноста на пчелите се зголемува и се загрижени. Според нив клучна причина за поголемата смртност се пестицидите, исектицидите, хербицидите, но и зрачењето од мобилните телефони, глобалната климатска промена во светот кои на крај доведуваат до изумирање на видовите, па и на пчелите.

„Минатата година нашата држава беше во подобра состојба, во однос на останатите држави, меѓутоа очекувам годинава да има поголема смртност на пчелите во земјава, бидејќи пролетта започна многу порано ги измами пчелите порано да тргнат во потрага по храна, но ги излажа предвременото затоплување и наидоа на поленова суша“ изјави  за Фактор.мк, Ѓорги Андонов, пчелар од југоистокот на земјава.

Вели дека за состојбата во пчеларството редовно Здруженијата на пчелари во Македонија го известуваат ресорното министерство. Сепак тврди дека поради ова мед ќе има се помалку, а ќе станува и поскап. 

Пред 10 години тегла мед чинеше околу 150 денари, а денес е над 400 денари.

Моментно има голема побарувачка за здрав и природен мед без разлика дали е планински или ливадски, но пчеларите велат дека таков се помалку има. 

Инаку, во земјава има зголемен број на пчелари, посебно е зголемен бројот на жени пчелари.

Понежниот пол е многу заинтересиран за одгледување на пчели и производство на мед, но многу повеќе дамите се ориентираат за производство на поленов прав, млеч, прополис, производи кои ги бараат посебно младите мајки за зголемување на имунитетот кај децата. 

Translate »