Температурата – минус 41 степен: Канаѓанка замрзнала на пат кон дома
Жена во Канада починала од прекумерно изложување на студ додека одела дома од кај својот сосед по студеното време, рекле од полицијата.
Имено, полицијата ја пронашла жената мртва пред нејзината куќа во Досон Крик во Британска Колумбија во околу 11 часот во неделата.
Истрагата утврдила дека таа претходната ноќ отишла во посета на својот пријател и двајцата испиле неколку пијалаци.
“Ја напуштила резиденцијата во околу 1 часот наутро…и за жал не пристигнала дома”, рекол наредникот Дејмон Верел. Температурите тоа подрачје паднале на -41,8 степени на почетокот на неделата, а регионот е под екстремно предупредување.
Инаку, моменталните температури во Канада и во Британска Колумбија се во големи минуси, а во Досон Крик се движат од -25 до -28 степени Целзиусови. Моментално највисоката температура во Британска Колумбија е 2,8 степени, а најниската -38,4 степени Целзиусови.
Генерално, прилично студено е во цела Канада, со највисока дневна температура од 2,8 степени на островчињата Систерс, а најниска од -44,5 степени Целзиусови во Кармакс, село на Јукон.