Офицерка на Кралската морнарица снимала филмови за возрасни во база: Фатена со колега на дело, сите во шок
Офицерка на кралската морнарица била фатена како снима филм за возрасни со своето момче во строго тајна нуклеарна база.
Според извештаите на британските медиуми од 8-ми февруари, откриено е дека 29-годишната офицерка Клер Џенкинс, која го користи името Кари Тејлор, заработува од продажба на “нарачана порнографија” на веб локација за возрасни.
“Имам 29 години и го работам ова долго, сакам да бидам палава и да останам живописна. Мојата палава страна некогаш може да ме донесе во проблем, но тоа чувство на возбуда ме прави многу напалена”, пишува на еден од профилите на Клер.
Многу од споменатите снимки вклучуваат и член на морнарицата, 29-годишниот Лиам Додингтон, кој се наоѓа во истата база, стои во извештајот.
“Командирите не можат да веруваат. Можеле да бидат вклучени сите видови на безбедносни ризици”, рекол извор на морнарицата за британските медиуми.
Соочена со своите шефови, Џенкинс наводно признала – но продолжила да објавува спорни содржини во текот на викендот, вклучувајќи и видео со натпис – “Навистина ме растури”.
Неименуваниот извор од морнарицата инсистирал дека Џенкинс била “отворена и искрена со своите претпоставени и дека тоа е нејзина приватна работа”.
Џенкинс има чин на воен офицер, а командувала со тим морнари на подморницата “HMS Artfull”. Исто така била одговорна за внесување на специјалните сили на море и за крстаречките ракети Томахавк.
Портпаролот на Кралската морнарица потврдил дека “истрагата е во тек”.
“Таму каде персоналот не делува во склад со нашите вредности и стандарди, нема да размислиме два пати да преземеме соодветни мерки”, рекол портпаролот на морнарицата.
Клер не е единствена припадничка на британската морнарица која објавувала експлицитни содржини на интернет, бидејќи наводно постои уште една девојка под псевдонимот Изи Бел, која правела нешто слично.