Нова глупост на Кирјос – Австралиецот направи нов скандал, овојпат со преубавата Маријана (ВИДЕО)

Контроверзниот Ник Кирјос повторно предизвика скандал, а овој пат упати критика до главниот судија од Србија, Маријана Велjовиќ!

Во текот на мечот, кога сервираше за сет топка, се слушна машина која сигнализира дека топката го допира горниот дел од мрежата, на што Велјовиќ мораше да реагира и да каже дека е „нец“. Ова, се разбира, го иритираше Кирјос, кој ја искористи приликата да започне расправија со Србинката, па и рече да го исклучи уредот што сигнализира кога ќе биде „нец“, а кога не, верувајќи дека машината не е точна.

„Исклучете ја машината, само исклучете ја. Тоа се слушна на неговиот сервис кога топката отиде далеку од мрежата, сега и на мојот сервис. Ја уништува играта, не го разбирате ли тоа? рече Кирјос, додека Велјовиќ го кулираше темпераментниот тенисер и само кратко му одговори – да, слушам!”

Но, ни тоа не беше крај за реакциите на Кирјос, затоа што на следниот сервис, повторно се слушна машината, па Ник повторно реагираше.

„Тоа беше далеку од мрежата, исклучи го апаратот“, повтори Австралиецот и гестикулираше, а Маријана оваа реакција ја проследи само со поглед и без никаков коментар.

Translate »