Да го обелиме образот на Скопје
Група на млади луѓе креираа онлајн платформа преку која заинтересираните граѓани на Скопје, но и цела Македонија, можат да понудат бесплатно сместување за претстојниот УЕФА Суперкуп кој ќе се одигра во Скопје на 8 август. Целта на проектот е да се обели образот на Скопје по низата поскапувања во хотелското и приватното сместување.