Совети за поголем век на батеријата на вашиот мобилен

Со новите смарт телефони се јавува еден голем проблем, а тоа е се пократкото траење на батеријата која понекогаш нема да издржи ниту еден ден. Со време, батериите губат дел од капацитетот, и тоа од 6 до 20 насто годишно.

 

Ова се случува и поради грешките кои несвесно ги правиме, а  кои придонесуваат за брзата смрт на батеријата. Во иднина требате да водите сметка за следново:

Осветлувањето  на екранот на максимум влече дури 80 проценти од батеријата. За да го избегнете ова, исклучете го автоматското осветлување на екранот.

Литиумските батерии имаа лимитиран број на целосни полнења (од 0 до 100 проценти од капацитетот), по што губат квалитет. Затоа се препорачува батеријата да ја држите помегу 50 и 80 насто од капацитетот.

Го употребувате телефон на температури под нулата или над 35 степени целзиусови? Грешка. Таквите температури можат серизно да ја оштетат батеријата.

Кога одите на спиење , исклучете го мобилниот. Батеријата мора да одмори.

Ако постојано ви се уклучени wi-fi или Bluetooth, телефонот постојано ке бара конекции и со самото тоа автоматски ке се празни батеријата. Затоа, ако не ви се потребни конекциите, исклучете ги wi-fi и Bluetooth. Така на телефон ке му дозволите да влезе во ‘ sleep mod”, во кој трошењето на батеријата е минимално.

Translate »