И органската храна е ГМО!

Според константните истражувања од страна на Светската здравствена организација, Организација за исхрана и земјоделство на ООН, како и реномираните универзитети од калибарот на Универзитетот  за Применети Науки – Берн, Швајцарија генетски модифицираните производи како и нивните деривати се присутни во мноштво производи на светските пазари и истите е технички невозможно да се избегнат. Тука се истакнува потребата за усогласување на националните легислативи со цел да се овозможи целосно информиран избор на потрошувачите  и зголемување на нивната доверба во прехранбената индустрија.

Растенијата еволуираат и преживуваат во менливи екосистеми преку спонтана генетска мутација. Од оние преостанатите, кои претставуваат најотпорни на временски услови, луѓето ги користат како храна и храна за животни.

Денес, потрошувачите бараат висококвалитетни производи, со извонредни органолептички карактеристики, додека големопродажбата, дистрибутерите, трговците и продавачите на мало бараат свежи продукти со долг рок на употреба. Потрошувачите не толерираат дамки и дефекти при купување, при што генетски модофицираните производи претставуваат опција која засега ги исполнува критериумите како добар квалитет, сензорни и нутритивни карактеристики и безбедност, без познати негативни ефекти врз човековото здравје.

Најновите достигнувања во биотехнологијата придонесоа до зголемување на бројот на прехранбени продукти кои содржат генетски модифицирани култури на глобалниот пазар.

Повеќето ГМО производи не се консумирани директно од јавноста, туку 90% се таргетирани за индустриска употреба, од кои се прават деривати.

Сојата, како култура која се користи како за човечка, така и за животинска консумација, претставува една од главните култури кои се подлегнати на генетски инженеринг. Според тоа, генетски модифицирани се и нејзините деривати: соиното брашно, изолат од соин протеин, како и соја лецитинот. Овие деривати се присутни во скоро секој втор производ на пазарот, почнувајќи од лебот, житариците и колбасот, па се до чоколадото, сладоледот, па дури и детските кашички и сосови.

Втора култура која е во најголема мера генетски модифицирана претставува пченката, при што процесот се одвива со додавање на гени од бактеријата Bacillus thuringiensis  за да се направи резистентна на инсекти. Денес, пченката се користи во голем дел од прехранбената индустрија, од газираните сокови до чипсови, колачиња, маргарин, тестенини; во форма на пченкарно брашно, пченкарен скроб или пченкарни засладувачи. Моментално во светот над 150 милиони хектари се засадени со генетски модифицирани култури, од кои 80% соја и 40% пченка во САД .

Поради овие факти, присуството на ГМО производи како и  нивни деривати е технички невозможно да се избегне.

Но, поради недостигот на научен консензус за регулација на ГМО храната, секоја држава или унија ја регулира на различен начин. При тоа, Европската регулатива јасно тврди дека ако производот е етикетиран со назнаката GMO-FREE, истиот поминува низ безбедносна процена и при задоволувања на критериумите не смее да помине праг на толеранција од 0.9% (Regulation (EC) No 1829/2003, (1)). Земјите-членки на ЕУ имаат дозвола да постават своја национална регулатива.

Оваа регулатива се применува и кај органското производство.

„1. ГМО и производи произведени од или со ГМО не смеат

да се користат како храна, храна за животни, преработка на помагала, производи за заштита на растенијата, ѓубрива, почвени климатизери, семиња, материјал за вегетативно размножување, микроорганизми и животни во органско производство.

  1. За целите на забраната наведена во став 1 во врска со ГМО или производи произведени од ГМО за храна и храна за животни, операторите може да се потпрат на етикети придружени со

производ или било кој друг придружен документ, ставен или обезбедени во согласност со Директивата 2001/18 / EC, Регулативата (ЕЗ) 1829/2003 на Европскиот парламент и на Советот на 22 септември 2003 година за генетски модифицирана храна и добиточна храна (1) или

Регулатива (ЕЗ) 1830/2003 во врска со следливоста и етикетирање на генетски модифицирани организми и следливост на храна и добиточна храна произведена од генетски модифицирани

организми.

Council Regulation (EC) No 834/2007)“

 

Според Организација за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), опциите како што се агро-екологија и климатски-паметно земјоделство треба активно да се истражуваат, но исто така и биотехнологијата и употребата на генетски модифицирани организми, со посебна забелешка дека производството на храна треба да порасне за 60% до 2050 за да ја исполни побарувачката на предвидениот раст на популацијата до 9 билиони луѓе.  „Ние треба да ги истражиме овие алтернативи користејќи инклузивен пристап базиран на наука и докази, а не на идеологии”, како и “да ги почитуваме локалните карактеристики и контекстот“ – изјава на генералниот директор на ФАО, Хосе Грациано да Силва,.

Дополнително, треба да се утврдат хармонизирани барања за етикетирање за генетски модифицирана храна за обезбедување на крајните корисници, а особено  земјоделците, со точни информации на составот и својствата на добиточната храна, со тоа овозможувајќи му на корисникот да направи информиран избор.

Со тоа ќе се овозможи здрава исхрана и формулација на здрави производи од современата прехранбена индустрија, зголемена доверба во индустријата за храна како и намален страв од консумација на нова храна и храна креирана од иновативни технологии!

 

Автор- Марија Арнаудова

Нутриционист

Магистер по Животни науки – Храна, Исхрана и Здравје, Универзитет за Применети Науки – Берн, Швајцарија

 

 

 

 

 

Translate »