Херојско патување – Hero’s Journey

loading...

2018 е на прагот и ова е ваша уникатна можност да го започнете своето Херојско патување!

Научете како, од првиот меѓународно сертифициран НЛП Тренер, коуч и мотиватор во Македонија – Марина Анчевска!
Своето долгогодишно искуство и знаењето стекнато лично од најуспешните, меѓу кои Tony Robbins и Eric Worre, го пренесува на свој уникатен начин, лесно прифатлив и веднаш применлив.

Научете ги тајните на успешните луѓе кои херојски се справуваат со нивните животни предизвици и патувања.
Зоран Витанов, Мери Терзиева, Коста Петров, Катерина Ангелковска и Кармен Михајловска ќе ве инспирираат и мотивираат со нивните успешни приказни.
Предновогодишен корисен и мотивирачки тренинг не само за вас индивидуалците, туку и за сите компании кои што сакате да ги инспирирате и мотивирате вашите вработени!

Преку моќните НЛП техники, провокативни коучинг прашања, техники на дишење и креативни визуализации, овој инспиративен и интерактивен тренинг, може да ви донесе целосно ослободување на вашата внатрешна моќ!

Трансформирајте го стравот во внатрешна моќ, тагата во радост, осаменоста во љубов, лутината во акција и засекогаш ослободете го херојот во себе!

До кога ќе барате изговори наместо решенија?
До кога ќе трошите време, пари и енергија наместо да ги инвестирате?
До кога ќе се задоволувате со малку наместо да црпите од непресушениот извор?
Што ве спречува?
Кој го контролира квалитетот на вашиот живот?

Во секој од вас има моќна сила која што ако еднаш ја ослободите, тогаш секоја ваша цел и визија можат да бидат остварени.

До кога ќе чекате да дојде вашето време, да се смени околината, да дојдат подобри времиња?
Кога ако не, сега?
Кажете му ДА на својот живот, бидете херој и започнете го вашето херојско патување.

Вашата инвестиција за да го разбудите херојот во вас изнесува:
4.600 денари.
Сите корисници на Lyoness, добиваат cashback!
Пријавете го вашето присуство на: 078 402 762
contact@centerbpsee.com

Кој се може да учествува:
Секој оној кој што инвестира во себе и својот личен развој и за оние компании кои што инвестираат во своите вработени.

Translate »