Носете дебели чорапи и туширајте се пократко – власта ги советува Австријците
И Австријците зимава ќе мораaт да штедат. Целта на „Мисијата 11“ е промена во однесувањето со цел државата да заштеди во просек 11 отсто енергија. Овој процент на заштеда се очекува од секое австриско домаќинство, пишува „Вечерњи лист“.
Греењето треба да се намали најмалку два степени. Така, наместо греење, дебели чорапи, пишуваат медиумите.
Владината кампања препорачува Австријците повеќе да не се капат во кади и да се тушираат со поладна вода, односно ако водата е топла, тогаш значително пократко од порано затоа што една минута пократко туширање, како што се додава, наводно носи заштеда на енергија од 20 проценти.
Инаку, се предвидува дека ова ќе биде тешка зима, а потоа ќе има уште 5 до 10 тешки зими за Европа.
Инаку, руски функционери се шегуваа со Западот дека зимава ќе се смрзнат.